Четири истражувања прогнозираат меѓу еден и 12 процентни поени предност на партијата на Меј

Неколку часови пред почетокот на парламентарните избори во Велика Британија, четири социолошки истражувања покажа дека актуелната британска премиерка Тереза Меј има предност меѓу еден и 12 процентни поени пред лабуристите.
Во истражувањето на „Ком Рес“, ториевците имаат предност од 12 процентни поени пред партијата на Џереми Корбин. Според истражувањето тие ќе добијат 44 проценти, а лабуристите 34 проценти.
Партијата на Меј ќе добие 44 проценти, а лабуристите 36 проценти, односно предноста за Меј е осум процентни поени, покажа истражувањето на „Панелбејс“.
Истражувањето на „Кантар“ и дава на партијата на Меј само пет процентни поени предност пред лабуристите.
„Кантар“ прогонозира дека ториевците ќе освојат 43 проценти, а лабуристите 38 проценти.
Според истражувањето на „Старвејшн“ предноста на ториевците е само за еден процентен поен и тие ќе добијат 41,3 проценти, а лабуристите 40,4 проценти.
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
