Македонија
21. September 2018 - 16:04

Четири години затвор за анестезиологот од гевгелиската болница, гинеколозите ослободени од вина за смртта на Кадиева

Четири години затворска казна за анестезиологот Томчо Ванчев од гевгелиската болница, обвинет за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното новороденче кои пред три години починаа за време на царски рез. Ниту Ванчев ниту неговиот адвокат не присуствуваа на изрекувањето на пресудата во велешкиот суд. Осудениот анаестезиолог доби и 5 годишна забрана за рабортење како лекар.

Во образложението на пресудата, Ванчев ги прекршил правилата на медицината, бидејќи  иако знаел дека трерба да оди на операција пиел алкохоли бил свесен дека можат да настанат компликации за време на царскиот рез.

 Со солзи во очити и трауми од трагичниот настан кога во еден ден ги загуби и сопругата и бебето, Димитрија Кадиев вели дека ова е мала казна.

-Таа нема да се врати...Четири години за два животи, не е во ред, вели Димитрије Кадиев сопруг на починатата Кадиева.

Иако беа обвинеи и двајцата гинеколози кои биле присутни во операционата сала, денеска добија ослободителна пресуда. Со нивното однесување за време на интервенцијата не влијаеле на трасгичниот исход.

-Уште еднаш сочуство до семејството, одлуката е таа кој сака може да ја обжали, вели Борче Стојанов, адвокат на гинекологот Венци Чалков.

Ќерката на починатата Кадиева не беше во судницата, но го чекаше нејзиниот татко пред судот. Пред три години нејзината мајка и новороденчето починаа од задушување поради погрешна интубација, в о гевгелиската болница.

-Судскиот процес за родилката Маја Кадиева и нејзиното новороденче траеше две години овде во велешкиот сдуд. Веќе осудениот анестезиолог има 15 дена рок да се ќали на одлуката.