Македонија
28. August 2015 - 20:14

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за празникот Успение на Пресвета Богородица

По повод празникoт Успение на Пресвета Богородица ВМРО-ДПМНЕ денеска упати честитка до сите граѓани на Република Македонија од православна вероисповест. 

- Празнувањето на Успението на Пресвета Богородица значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, нека овој светол празник донесе љубов и среќа во секој дом. Православните христијани на денешниот ден ги чествуваат мирот, мудроста и толеранцијата, вредности кои се силно вкоренети во нашата вера и традиција, вредности кои ни носат спокој и радост во душата, се вели во честитката.

На овој голем христијански ден, порачува ВМРО-ДПМНЕ, да покажеме толеранција и разбирање, да научиме да простуваме. Наша обврска е да ги почитуваме највисоките морални вредности, бидејќи тоа е клучот на патот до исполнет и спокоен светол живот. Поминете го овој голем ден во празнична и хармонична атмосфера, нека вашата хармонија и семејна љубов се преточи во секојдневието кое го трасира патот на успехот, наведува во честитката ВМРО-ДПМНЕ.