Свет
28. November 2018 - 22:55

Честитка од Трамп до Мета по повод Денот на независноста

 

Честитка до шефот на државата Илир Мета, по повод 28-ми ноември Денот н независноста на Албанија и Денот на националното знаме, упати претседателот на САД Доналд Трамп.

Тој во честитката наведува дека е горд  за силните односи меѓу Албанија и САД и оти Албанија останува нивен скапоцен сојузник.

„Честитки Претседателе. Горди сме за силните односи меѓу нашите два народа и значајните постигнувања кои заедно сме ги реализирале. Албанија е наш скапоцен сојузник, кој дал значаен придонес за регионалната  глобална безбедност“, стои во честтката на Трамп.

Честитка до Мета упати и рускиот претседател Владимир Путин во која искажува убеденост дека развојот на кунструктивните односи и билатералната албанско-руска соработка во сите области ќе биде во интерес на народите на двете земји,но и за цела Европа.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, покрај другото во честитката наведува дека Албанија за Германија е близок  доверлив партнер во Западен Балкан и  драгоцен европски партнер.

„Бидете сигурни дека Германија ќе продолжи со активна поддршка за Албанија на патот кон ЕУ“, наведува Штајнмаер.
Мета честтки доби и од неговиот италијански колега Серџо Матарела, турскиот Реџеп Тајип Ердоган, кинескиот Си Џинпинг, хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, бугарскиот Румен Радев…