Македонија
1. September 2017 - 10:05

Честитка од СДСМ по повод Курбан Бајрам

Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски во свое лично име и во име на партијата, денеска упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до граѓаните кои го чествуваат празникот Курбан Бајрам.

- Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам од име на Социјалдемократскиот сојуз и во мое лично име, на вас и на сите верници коишто го празнуваат. Празничните мигови нека донесат духовен мир, слога, почитување, благосостојба и заедно сплотени да останеме на патот кон вистинските вредности. Заедно да ги славиме и да ги негуваме солидарноста, толеранцијата и меѓусебното почитување во Република Македонија како темели за напредна и просперитетна држава за сите нејзини граѓани, стои во честитката на Кирацовски.