Честитка од Мицкоски до католичките верници по повод Божик
Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка по повод големиот католички празник Божиќ до скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Д-р Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија.
Дозволете ми на сите верници од католичка вероисповед, во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, да Ви упатам искрена честитка по повод празнувањето на еден од најголемите христијански празници, Христовото раѓање – Божиќ.
Празнувањето на овој голем чин во историјата на човештвото, претставува најинтимен и најрадосен момент, во душата на секој еден верник и следбеник на Христовото учење. Божиќ е најсветиот христијански празник кој го празнува раѓањето Христово, најсветол ден во животот на секој христијанин, празник кога се негуваат убавите мисли и дела.
Почитувањето на традиционалните вредности, толеранцијата на различностите е нашиот заеднички идеал, кон кој сите ние се стремиме.
Се наоѓаме во период преполн со предизвици за државата и сериозни препреки во нашето општество. Повеќе од било кога во минатото, денес потребно е обединување, да ставиме крај на проблемите кои со децении се провлекуваат во нашата земја, поделбите, и омразата, да го вратиме достоинството и мирот во секој од нас, да работиме и да создаваме за нашата заедничка татковина. Потребно е враќање на спокојот и сигурноста, прогонот, притисоците и поделбите да ги замениме со толеранција, вистински соживот и враќање на вербата во луѓето.
Неправдата да биде замената со правда, а вредностите и принципите да бидат составен дел од нашите животи.
Ваквите празнични моменти носат светлост во секој дом, но и служат како потсетување дека божиќната радост треба да биде споделена, со ближните, пријателите и соседите. Овие празнични моменти носат порака за мир и разбирање помеѓу луѓето.
Уште еднаш Ви го честитам големиот празник и ви посакувам просперитет, успех и благосостојба, успех во остварување на нашиот заеднички сон, успешна и просперитетна Македонија.
Христос се роди! Среќен Божиќ
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти