Македонија
23. October 2016 - 15:33

Честитка од ЛДП по повод Денот на македонската револуционерна борба

Либерално-демократската партија (ЛДП) им го честита на граѓаните 23-ти октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

ЛДП наведува дека денес предзнакот „ВМРО“ е узурпиран од политички партии кои сакаат да ги присвојат само за себе придобивките на славната организација од минатото. 

- Никој нема право на монопол на овој дел од македонската историја, стои во соопштението на ЛДП која воедно најавува поднесување закон за отстранување на четирите историски букви „ВМРО“ како предзнак на политичките партии и забрана за злоупотреба на ова име во насока на прибирање политички, комерцијални и лични поени.