Чешкиот парламент побара Русија да плати отштета за експлозијата во складиштето за муниција во 2014 година
Долниот дом на чешкиот Парламент усвои документ со кој ја повика чешката Влада да побара отштета од Русија за експлозијата во складиштето за муниција од 2014 година во селото Врбетице.
Чешките пратеници, исто така, ја повикаа владата да го намали бројот на руски дипломати во земјата и ја поддржаа нејзината одлука да протера 18 вработени во руската Амбасада во Прага, кои во понеделникот веќе го напуштија главниот град, пренесува Тасс .
Долниот дом на чешкиот Парламент, исто така, ги повика министрите да се спротивстават на акциите што му штетат на суверенитетот на Чешката Република.
Според документот, на руските компании не смее да им се дозволи да учествуваат во стратешки важни инфраструктурни проекти на територијата на Чешка, како што е изградбата на нуклеарни централи.
Претходно, чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека Министерството за финансии подготвува тужба за отштета против оние кои стојат зад експлозијата на складиштето за муниција во селото Врбетице.
-Нанесена е огромна штета. Министерството за финансии подготвува тужба со барање за обештетување, рече Бабиш.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари