Свет
19. January 2017 - 20:36

Чешкиот Парламент ја одобри забраната за пушење во баровите и рестораните

Чешка е на пат да ја загуби позицијата на едно од последните уточишта за пушачите во Европа, откако Горниот дом на Парламентот, Сенатот го одобри денеска со 45 гласови „за“ и 12 „против“ законот за забрана за пушење во баровите, рестораните и кафулињата.

Претставничкиот дом законот го одобри на 9 декември. За да стапи во сила на 31 мај, Светскиот ден за борба против пушењето, законот треба да биде потпишан од претседателот Милош Земан, кој самиот е страстен пушач.

Со законот се забрануваат и посебни простории за пушачи во кината, спортските, концертните и изложбените сали.