Фудбал
28. јуни 2022 - 10:36

Челзи се вклучи во борбата за Асенсио

Премиерлигашот Челзи е заинтересиран за играчот на Реал Мадрид, Марко Асенсио.

Како што објави „Sport.es“, лондонскиот клуб се вклучил во борбата за 26-годишниот Шпанец за кого се „тркаат“ уште и Милан, Манчестер јунајтед и Ливерпул.

Во сезоната 2021/22, Асенсио постигна 12 гола и даде две асистенции на 42 натпревари за Реал Мадрид.

Порталот Transfermarkt.com ја проценува фудбалерот на 40 милиони евра. Неговиот договор со Кралскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2023 година.