Живот
8. May 2017 - 9:39

Чеченскиот град Грозни добива делфинариум

Чеченските власти најдоа инвеститор за изградба на делфинариум во главниот град Грозни.

Всушност, се работи за еден од најголемите спортски, рекреативни и забавни комплекси, изјави лидерот на руската федерална Чеченска Република, Рамзан Кадиров.

- Многу млади родители често ме прашуваат дали е можно да се изгради делфинариум во Грозни. Успеавме да најдеме инвеститор и ќе ја почнеме изградбата на комплексот кој ќе биде најголем и единствен на југот Русија. Делфинариумот ќе се простира на 10.000 квадратни метри и ќе има 500 места за седење околу базенот, напиша Кадиров на својот Инстаграм налог.

Како што јаву ТАСС, туристичкиот комплекс во Грозни ќе биде еден од најголемите во Чеченија, по скијачкото одморалиште Ведучи.