Свет
30. October 2019 - 10:27

Чавушоглу: Турција планира да врати два милиона бегалци во Сирија

Турција планира да врати најмалку два милиона бегалци во северна Сирија, на тероторијата каде Анкара ја изведе воената операција „Извор на мирот“, изјави шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.

По разговорите со колегите од Русија и Иран, Сергеј Лавров и Мохамад Џавад Зариф, турскиот министер кажа дека цел на неговата земја е бегалците безбедно да се вратат во Сирија, во согласност со меѓународното право и во координација со агенциите на ОН.

-Мислиме дека два милиона бегалци можат да се вратат во подрачјата кои се ослободени од терористите, рече Чавушоглу.

Тој оцени дека основањето на Сириската уставна комисија е голем и храбар чекор напред во процесот на изнаоѓање политичко решение за кризата во оваа земја.

Лавров, Чавушоглу и Зариф се сретнаа во Женева, каде разговараа за ситуацијата во Сирија и почетокот на работата на Сириската уставна комисија, која денеска ќе ја оддржи својота прва седница.