Чавушоглу: Разузнавачките служби почнале да користат новинари во Турција како агенти
Разунавачките служби почнале да ги користат новинарите во Турција како агенти, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.
- Во последно време во Европа почна една мода, во приватните тајни служби почнаа да се користат новинари како агенти на Турција, рече Чавушоглу на заедничка прес-конференција во Анкара со германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел.
Во февруари во Турција беше уапсен дописникот на весникот „Велт“ Дениз Јуџел. Тој е обвинет за шпионажа. Во април преведувачката со германско државјанство Мешале Толу беше приведена во Истанбул под обвиение за извршување терористичката пропаганда.
Чавушогу и Габриел денеска не постигнаа напредок во однос на клучното прашање, поврзано со посетата на германски пратеници во военовоздухопловната база Инџирлик, каде има германски војници.
Во меѓувреме се појавија информации дека турскиот премиер Бинали Јилдирим ја откажал планираната средба со Габриел поради „преоптоварената“ програма.
Ново на Сител
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот