Свет
22. March 2017 - 12:53

Чавушоглу: Анкара планира да ги зголеми трошоците за одбрана на два отсто од БДП

Анкара планира да ги зголеми своите трошоци за одбрана на два отсто од бруто домашен производ (БДП), изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

- Работиме на прашањето за зголемување на трошоците за одбрана за два процента од БДП, истакна шефот на турската дипломатија, кој се обрати во Националниот прес клуб во Вашингтон.

Тој во обраќањето нагласи и дека НАТО е камен темелник во областа на безбедноста во Европа.