Македонија
5. August 2021 - 19:06

Целосно изгаснат пожарот кај Кучково

Благодарност на брзата интервенција на пожарната, огнената стихија брзо беше ставена под контрола.

За среќа, нема повредени, ниту предизвикана материјална штета. Благодарност до пожарникарите за навремената реакција, фирмите кои помогнаа, локалното население и нивната пожртвуваност и вработените во општинските служби кои на лице-место интервенираа. Зачестеноста на пожарите на топлото време е евидентна.

Апелирам да се почитува забраната за движење во шумските предели и да бидеме сите исклучително внимателни, вели градоначалникот.