Цеца тогаш за неа рече: Иста како мене - Еве го првиот настап на Јелена
Во знак на сеќавање на Јелена Марјановиќ која беше брутално убиена додека трчала во населбата Црвенка во Борча, снимена е посебна емисија каде нејзините колеги и блиски соработници говорат за неа.
2002. година кога Јелена првпат се појави на сцената на Гранд, емисијата ја водеше, сега покојниот Милован Илиќ Минимакс кој тогаш имаше само убави зборови за младата пејачка која тогаш ја почнуваше својата музичка кариера.
Симпатичното девојче со долга црна коса и бел костум тогаш ја изведе својата песна „Бежи мали, бежи“ од својот прв албум.
Една од најголемите ѕвезди на Балканот Светлана Цеца Ражнатовиќ и предвиде блескава кариера, и дури ја нарече и своја наследничка.
-Таа е малечка, слатка иста како мене кога јас почнував, рекла тогаш Цеца.
Нешто подоцна, на Јелена и починал таткото и таа морала да ја прекине кариерата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица