Џет-Сет
29. October 2015 - 14:27

Цеца си ја кажа цената - За првпат во животот ќе го направи ова!

Светлана Цеца Ражнатовиќ за првпат во кариерата ќе го направи ова. Пејачката на 10-ти декември на 19-тиот роденден на синот Вељко ќе настапи на плажата Насими на еден луксузен хотел во Дубаи.
 
На концертот ќе присуствуваат неколку пребогати арапски шеици и сите се среќни бидејќи за прв пат ќе имаат можност да ја видат Цеца во живо.
 
Преговорите траат веќе неколку месеци, а крајниот договор е исплата од 100.000 евра на Цеца.
 
Таа ќе биде сместена во еден од најлуксузните хотели во Обединетите Арапски Емирати во кој ноќ чини и до 10.000 евра. Со неа најверојатно ќе заминат и децата за да го прослават роденденот на Вељко.