Македонија
2. October 2020 - 11:36

Царовска: Бојкот е неконструктивен начин да се искаже незадовoлство

Децата и родителите да не ја бојкотираат наставата, рече министерката за образование и наука Мила Царовска.

Министерката вели дека на овој начин нема да се реши проблемот, кој настана како последица на корона вирусот.

За тоа дали ќе има промени во одлуката децата да учат со физичко присуство, Царовска вели дека по ова прашање одлучува Kомисијата за заразни болести.

Апелира сите граѓани да се однесуваат одговорно, бидејќи здравјето во моментов е најважно.

 

Елена Милошевска