Кошарка
2. March 2021 - 11:02

Букер и Адетокунбо прогласени за играчи на неделата во НБА

Кошаркарот на Феникс санс, Девин Букер и првата ѕвезда на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо, се прогласени за најдобри играчи минатата седмица во Западната и Источната конференција на НБА лигата.

Букер имаше просек од 33 поени на четири натпревари. Тој оствари 2,8 скока и 4,3 асистенции по натпревар, а неговиот тим победи на три натпревари.

Адетокунбо го предводеше Милвоки до три победи на три натпревари, со просек од 37 поени, 10,7 скока и 5,7 асистенции.