Македонија
6. October 2022 - 21:06

Бугарските европратеници држеа лекции по историја на Мешовитиот комитет во Стразбур

Тензична дебата во Стразбур на тема добрососедство. Бугарските европратеници ја обвинија Македонија за постојани провокации и кражба на бугарската историја и култура. Како пример  беа спомнати  фудбалскиот напревар меѓу екипите на двете држави  во Скопје и палењето на бугарскиот културен центар, а европратеникот Џамбаски  дури се посомнева  дека пописот во Македонија бил фингиран со цел да  покаже помала бројка на бугарски грагани. Дискусијата кулминираше кога македонските пратеници објаснија како и зошто македонските граѓани посегнуваат по бугарски пасоши.

Бугарскиот европратеник Јорданов одржа и леција по историја и  книжевност во  19 век објаснувајќи меѓу другото дека браќата Миладиновци собирале бугарски песни, поради што неколку пати беше опоменат од колегите од Холандија дека не е на предавање.

Состанокот на мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Македонија и ЕУ  заврши со усвојување на заеднички препораки  во кои се поздравува отворањето на преговорите, реформите, како и напорите да се решат културно-историските  разлики со Бугарија, одделно од процесот на пристапување на Македонија во ЕУ.