Македонија
29. September 2022 - 11:57

Бугарски навивачи запалиле знаме на Југославија на влез во Скопје а истакнале бугарско | ВИДЕО

Бугарски навивачи кои во понеделникот дојдоа да ја бодрат својата репрезентација запалиле знаме на Југославија на влез во Скопје а истакнале бугарско.

„Во Скопје во 2022 година, знамето на Југославија гори, а бугарското гордо се вее до него. Крајно време е сите да разберат дека во оваа држава има Бугари и дека тие нема вечно да останат невидливи. Напротив! Тие еден ден ќе станат водечки фактор во државата и ќе ја преземат контролата како што е редно веќе“, пишува во објавата.