Македонија
24. November 2021 - 14:21

Бугарски експерти: Лошата сигнализација и слабата заштитна ограда се причини за трагедијата

Повеќето бугарски медиуми во изминатите два дена објавија анализи, цитирајќи бугарски сообраќајни експерти, во кои за катастрофалната автобуска несреќа во која загинаа 45 лица ги обвинуваат лошата сигнализација на автопатот, лошата осветленост, како и заштитната ограда, која според нив е по стари и недоволно добро стандарди.

Инженерот Јонко Иванов во изјава за „Дојче веле“ вели дека стрмните падини и свиоци на тој дел од патот се несоодветни за автопат. Според него овој автопат е дизајниран според стари правила. „Патиштата во Бугарија се многу лоши. Според европските анализи ние сме на последно место по сигурноста на патиштата“ кажа Иванов. Според експертите, просторот за рекреација, каде што се случи несреќата, не е обележан и возач кој не го познава патот може да биде доведен во заблуда. Ако сака да остане на десната лента, одеднаш ќе открие дека повеќе не е на пат.

Димитар Илиев, автомобилски експерт и тркач сугерира дека патот не е квалитетно обележан и дека недостасуваат знаци кои го обележуваат тој дел од патот. При посетата на местото на несреќата Илиев истакнува дека на патот е дозволено да се вози 120 километри на час, иако тој не ги исполнува тие услови. Илиев вели дека знаците и ознаките се многу важни при возење ноќе. Во своето виртуелно излагање тој наведува дека никаде не видел знак за зоната за одмор, каде што се случил инцидентот. Тој вели дека во април 2021 знакот што ја означува зоната за одмор е таму, но во месец мај истиот го нема, како што видел на Гугл Мапс, или поточно таму е, но паднал на земја без никој да забележи.

Лошата сигнализација и слабата заштитна ограда се причини за трагедијата, тврдат бугарски експерти Повеќето бугарски медиуми во изминатите два дена објавија анализи, цитирајќи бугарски сообраќајни експерти, во кои за катастрофалната автобуска несреќа во која загинаа 45 лица ги обвинуваат лошата сигнализација на автопатот, лошата осветленост, како и заштитната ограда, која според нив е по стари и недоволно добро стандарди.

Инженерот Јонко Иванов во изјава за „Дојче веле“ вели дека стрмните падини и свиоци на тој дел од патот се несоодветни за автопат. Според него овој автопат е дизајниран според стари правила. „Патиштата во Бугарија се многу лоши.

Според европските анализи ние сме на последно место по сигурноста на патиштата“ кажа Иванов. Според експертите, просторот за рекреација, каде што се случи несреќата, не е обележан и возач кој не го познава патот може да биде доведен во заблуда. Ако сака да остане на десната лента, одеднаш ќе открие дека повеќе не е на пат.