Македонија
14. July 2019 - 16:09

Бугарија не отстапува од позицијата дека Делчев бил бугарин

Софија не отстапува од ставот дека Гоце Делчев е Бугарин . Вториот човек во бугарското МНР Георг Георгиев во телевизиско интервју повтори дека Бугарија нема да прифати исторскаи интерпретации   која би биле  против нивниот интерес.

Зборуваме за историска личност која е со неспорно потекло и како што Бугарија постојано подвлекува, со потполно неспорна припадност кон бугарскиот народ. Тоа што во одредено време се правеа некои интерпретации, не значи дека ние ќе отстапиме од своите интереси и своите позиции за кои многу пати зборуваа министерката за надворешни работи Захариева и премиерот Борисов. Тоа истото ќе го каже Ви го каже секој Бугарин – изјави замени министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев.

И покрај ваквата ригидна позиција , заменикот  на Захариева вели дека  Бугарија е добронамерна кон својот сосед. Тоа што премиерот Борисов го нарече Пендаровски, северномакедонски претседател за него е ситна работа. Георгиев тврди дека  напредокот на Македонија на евроатланстскиот пат е  заслуга на бугарската Влада.

Ако не беше потпишан Договорот за пријателство и добрососедство, ако Бугарија не почна да зборува за евроинтерграциите, петнаесет години по последното проширување, тогаш немаше ниту да се коментира,  ниту да биде на дневен ред тоа прашање (интеграциите на Македонија н.з). Толку големи работи стојат пред нас и толку многу обврски имаме да завршиме, во октомври очекуваме старт на преговорите за членство во ЕУ, земјата е пред влез е во НАТО и сега не е во ред да се фаќаме за такви ситни работи кога Бугарија е толку добронамерна. Треба да ја пренасочиме енергијата во убава насока.

Во септември е закажана новатсредба на мешовитата комисија за образовно-историските прашања  на која повторно ке се дебатира за Гоце Делчев. Двете влади очекуваат,  и покрај  длабоките несогласувања,  експерите до крајот на годинава да псотигнат компромис  за сите спорни моменти од историјата и нивно заедничко славење.