Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 281
Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 281, а 67 лица се уште се водат како исчезнати, соопштија властите, цитирани од ДПА.
Јаги е најсилниот тајфун што го погодил Северен Виетнам во последните 30 години. Повеќе од 1,900 луѓе се повредени, се вели во извештајот на Виетнамската канцеларија за управување со катастрофи.
Според Канцеларијата, тајфунот оштетил околу 235 илјади домови. Над 2,6 милиони животни главно живина и говеда, биле убиени, а преку 200 илјади хектари оризови полиња биле значително оштетени.
Поплавите сега се повлекоа, но погодените области сè уште се борат со напорите за расчистување.
Според првичните проценки на виетнамската влада, тајфунот Јаги предизвикал прелиминарна штета на Виетнам од околу 1,6 милијарди долари, предизвикувајќи загуба од околу 0,15 посто од бруто домашниот производ оваа година.
Тајфунот претходно мина низ Филипините и Кина.
Ново на Сител
-
Ахмети: Нема да има мир ако се укине Законот за јазици | ВИДЕО
-
Магла на патот Шипковица - Попова Шапка, видливост до 40 метри
-
Уставен суд нема да ги коментира медиумските објави и апелира на воздржаност
-
Пронајдена пушка и 16 куршуми кај лице од Чашка
-
Трамп ќе ги помилува учесниците во упадот на Капитол уште на првиот ден од мандатот
-
Сириските бунтовници нема да воведуваат верски кодекс на облекување за жените
-
Прекинат бојкотот во ОУ „Лазо Ангеловски“, учениците утре продолжуваат со настава
-
Жител на Могорче сакал да подигне брз кредит со туѓи податоци