Бизнис
6. May 2021 - 16:48

Брнз: Владините лидери да се соочат со реалната тежина на реформите за ЕУ

Направен е чекор напред со Преспанскиот договор и НАТО, но тој чекор мора да се одржува. Американската амбасадорка во земјата Брнз со порака до политичките лидери – следниот период ќе биде од пресудно значење, владините лидери да се соочат со неусогласеноста меѓу очекувањата кај јавноста и тежината на реформите кои мора да ги спроведат

Овој чекор мора да се одржува и шансата мора да се искористи дури и во времиња полни предизвици. Знаеме дека во иднина може да има предизвици, како што се корупцијата, непотизамот, дури и нефункционални институции, со што се попречува патот на Северна Македонија кон зацртаните цели., изјави Кејт Мери Брнз, американски амбасадот во земјава. – Владините лидери, смета Брнз, мора да се соочат со честите неусогласености меѓу високите очекувања кај јавноста за членство во ЕУ и реалната тежина на реформите кои треба да се спроведат како предуслов за влез во Унијата

САД се сојузник и партнер на земјава долги години.  Поддршката, меѓу кои и финансиската, ќе продолжи и во наредните  5, а за првата година обезбедени се 8,2 милиони долари. Со потпишаниот договор се очекува да се постигнат 3 клучни цели.

Токму корупцијата е најголемиот предизвик која влијае врз секој сектор, го поткопува владеењето на правото и ја саботира економската конкурентност. Затоа најголемо влијание ќе  биде посветено на оваа цел, вели преставникот на УСАИД Јаноски.

Тоа може да се постигне со јакнење на институциите и работа со граѓанските организации, значи да се зголемат и очекувањата на граѓаните и граѓанските организации за отчетност и транспретност. Ова е суштински проблем, не само во Северна Македонија, туку и во други земји во светот. Ќе продолжиме да соработуваме на ова поле, порача Јаноски.

САД преку УСАИД од 1993 до сега имаат  инвестирано  830 милиони долари за развој на земјава.