Свет
14. July 2016 - 18:10

Британската министерка за Северна Ирска поднесе оставка

Британската министерка за Северна Ирска Тереза Вилирс ја одби понудата од британската премиерка Тереза Меј за нова функција и поднесе оставка.

Вилирс наведе дека Меј и предложила „нова улога, но тоа не е тоа што би можела да го извршува“.

- Тажна сум дека ми завршува работата во Северна Ирска, но мислам дека политичката ситуација таму е постабилна во споредба со минатиот период. Верувам дека ќе биде постигнат напредок за зајакнување на мирот, стабилноста и просперитетот, посочи Вилирс, која учествуваше во кампањата за Брегзит.