Свет
27. јуни 2016 - 14:38

Британската кралица во посета на Северна Ирска

Британската кралица Елизабета, денеска и утре престојува во посета на Северна Ирска.

Во Белфаст таа ќе има средби со првиот министер на владата на покраината и лидер на Демократската унионистичк партија (ДУП) Арлен Фостер, како и со заменикот на првиот министер, Мартин Мекгинис од сеирската, католичка републиканска партија Шин Феин.

Кралицата која во Северна Ирска е заедно со својот сопруг, принцот Филип, освен во Белфаст ќе престојува и во посета на внатрешноста на покраината, во посета на областа Антрим, гранична територија со Република Ирска и во областа Лондондоери, северозападно од главниот град.

Последен пат, кралската двојка во покраината престојуваше во 2014 година.

Сегашнта посета, доаѓа непосредно по референдумот за напуштње на ЕУ и спротивставените позиции околу ова прашање на двете главни северноирски партии кои управуваат со владината админстрација.

На референдумот 56 отсто од Северноирците гласаа за останување на Британија во ЕУ, додека 44 отсто за Брегзит, иако унионистите од ДУП агитираа за заминување на земјата од Унијата.

Шин Феин во првата реакција по референдумот го обвини премиерот Дејвид Камерон дека „подлегнал на менталитетот на малите Англичани“ брзоплето ветувајќи референдумза ЕУ.

Според партијата која некогаш беше политичко крило на милитантната Ирска републиканска армија (ИРА) резултатот од изјаснувањето е „ англиска одлука на англиски гласачи„.

Мартин Мекгинис смета дека сега ќе може да се излезе на гласање за „повторната реунификација„ на Ирска, инсистирајќи дека Ирците нема одново да прифатат граница меѓу Алстер и Република Ирска.

- Податокот дека од 18 изборни единици, во 11 луѓето гласале за останување во ЕУ, покажува дека за тоа се определиле и голем број унионисти, рече Мекгинис.