Живот
27. September 2019 - 15:05

Британка ја растргнале сопствените кучиња: Нејзините крици ги слушнале соседите, но било доцна за да ја спасат

Британката Елејн Стенли ја нападнале нејзините кучиња, па им подлегнала на повредите, јави Дејли Мејл.

Во тешка состојба ја пронашле соседите, но не успеале да ја спасат.

Нејзиниот партнер Пол Ли тврди дека кучињата никога не покажувале агресија и дека се плашеле кога жртвата и нејзината ќерка ќе го повишат гласот. Соседите наведуваат дека Елејн пред нападот се карала со една од своите ќерки.

“Бевме заедно четири години и двајцата сме љубители на кучиња. Бев во посета на својот татко кој е во кома и тогаш го добив повикот. Не можам да верувам во ова што се случи“, рече Пол.

Таа искрварела пред доаѓањето на итната помош.

„Пиевме чај и во еден момент слушнавме повик за помош. Боси втрчавме во нивната куќа за да и помогнеме“, наведуваат соседите.

Виделе како кучињата ја влечат насекаде, а рекле и дека вресоците биле страшни.

Кога стигнале, рекле дека едвај успеале да ги оттгнат кучиата од неа и дека морале да фрлаат цигли за да и помогнат на несреќната жена.

„Направивме се што можевме, а до доаѓањето на итната помош веќе искрвари“, додаваат тие.

Кучињата ги напаѓале и полицајците кои пристигнале на местото на настанот. Едно од кучињата е застрелано, а другото успеале да го смират и да го згрижат.

Инспекторот Иан Вајли наведе дека прават се што е во нивна моќ за да ги утврдат околностите на овој настан.

„Ова е исклучително тажен настан и нашите мисли се со семејството на жртвата“, заклучи Вајли.