Британија издаде повеќе од 100 предупредувања поради поплавите
Велика Британија денеска издаде повеќе од 100 предупредувања за поплави, а на жителите во делови на северна Англија им беше советувано да се евакуираат од своите домови поради загриженост дека нивните животи се загрозени откако за помалку од 24 часа заврна дожд колку за еден месец.
Десетици луѓе беа заглавени во трговски центар во градот Шефилд во текот на ноќта, а околу 100 лица беа спасени од страна на пожарникари во гумени чамци од друг трговски центар во близина.
Иако повеќето од поголемите поплави ја зафатија централна и северна Англија, имаше повеќе од 100 други предупредувања низ целата земја каде Агенцијата за животна средина предупреди дека поплавите исто така се можни.
Поројните дождови го нарушија и железничкиот сообрќај во местата околу Шефилд и другите погодени подрачја, додека многу патишта се затворени.
„Страшно е да се гледаат ужасни поплави во цела северна Англија“, напиша на Твитер премиерот Борис Џонсон и притоа се заблагодари на службите и волонтерите кои помагаат на загрозените подрачја.
Ново на Сител
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи