Свет
11. December 2017 - 9:27

Британците на Катар ќе им продадат 24 авиони „Јурофајтер тајфун“

Британската компанија БАЕ Системс одобри продажба на 24 воени авиони „Јурофајтер тајфун“, на Катар, вредни осум милијарди долари.

Договорот е потпишан синоќа, во Доха.

Планирана е и продажба на ракети воздух-воздух, Метеор, ракети воздух-земја Бримстоун, и наведувани бомби „пејвеј“.

Катар е деветта држава што купила авиони Тајфун. Министерот за одбрана на Велика Британија Гевин Вилијамсон изјави дека со купувањето авиони, Катар добива можност да се соочи со заедничките предизвици на Блискиот исток.

Катар и Франција минатата недела потпишаа договори од областа на воената опрема и транспорт, вредни повеќе милијарди долари. Катар ќе купи борбени авиони и стотина оклопни возила од Франција, а ќе купи и 50 патнички авиони „Ербас“.