Свет
29. August 2016 - 11:02

Бриселското обвинителство соопшти дека немало бомба во Институтот за криминологија

Информацијата за експлодирана бомба пред Институтот за криминологија во Брисел веројатно е неточна, и поверојатно е дека избивнал пожар во една од лабораториите, соопшти бриселското обвинителство, пренесува БТА.

- не верувам дека е тероризам. Криминална појава е. Не можам да го потврдам постоењето за бомбата, истакна претставничката на обвинителството. 

Белгиските медиуми претходно соопштија,дека минатата ноќ лица во автомобил ја турнале рампата пред влезот на зградата и предизвикале експлозија, која нанела сериозни штети. 

Како што изјави претставничката на обвинителство, целта на групата била уништување на докази, бидејќи била опожарена лабораторијата каде се вршат ДНК испитувања.