Свет
5. December 2017 - 14:10

Брисел: Сега е Лондон на потег околу Брегзит

Претставник на Европската комисија изјави дека Брисел е подготен да ги обнови преговори со Лондон за британското напуштање на Европската унија, но дека на потег сега е Велика Британија.

Изјавата доаѓа откако вчерашните разговори меѓу британската премиерка Тереза Меј и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер завршија со неуспех, што ги зголеми стравувањата дека е можно Велика Британија да ја напушти ЕУ без договор за уредување на нивните натамошни односи.

- Немам што да кажам за Брегзит. Шоуто сега е во Лондон, изјави портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас на денешната прес конференција во Брисел.

меј јункер

Ова беше трета средба меѓу Меј и Јункер во рамките на преговорите за Брегзит.

Велик Британија бара од ЕУ следната недела да влезе во нова фаза од преговорите, но европските претставници велат дека досега не е постигнат доволен напредок.

Главно прашање што се отвори меѓу двете страни е статусот на границата меѓу Република Ирска и британската покраина Северна Ирска.