Loading Video...
Фудбал
26. January 2020 - 18:04

Бранителот на трофејот во ФА купот Манчестер Сити лесно до 1/8-финалето

Англискиот шампион Манчестер Сити лесно и убедливо го победи Фулам со 4-0  и обезбеди пласман во осминафиналето на најмасовното фудбалско натпреварување на островот, ФА Купот. 
 
Серијата на голови ја отвори Гундоган  уште во 8.минута со сигурна реализација на настрогата казна.  Веќе во 19-минута беше 2-0, а стрелец на голот беше Бернардо Силва. 
 
Во вториот дел во само три минути, два гола постигна Габриел Хесус  (72 и 75), за конечен триумф од 4-0 и пласман во следната рунда. 
 
Потсетување дека популарните „граѓани“ се и актуелни бранители на трофејот во ФА купот.