Бизнис
4. October 2024 - 16:36

Божиновска: Ќе најдеме излез од енергетската катастрофа

Македонскиот енергетски систем е во состојба на катастрофа но Владата ќе вложи максимум оваа зима да има доволно струја но и греење во главниот град. По вчерашната најава дека РЕК Битола не е подготвена за зимската сезона, Министерката за енергетика на својата прва прес конференција смирува. Владата плански ќе купува струја за да обезбеди пониски цени

Раководството на РЕК Битола веќе алармираше дека комбинатот е оставен пред колапс, ремонтите не се завршени а во рудниците за јаглен претходното раководство копало без план. Дополнителен проблем се и големите долгови за кои Владата ќе прави план да ги покрие преку задолжување кај домашните банки

РЕК Битола оваа зима ќе работи со максимум 2 блока а јагленот што фали ќе се увезува од Грција. Акумулациите се речи си празни па надлжените се молат оваа есен да врне повеќе дожд

Во опозицијата загрижени што се зголемила набавката на струја и што потрошувачите на слободниот пазар добиле повисоки сметки

Во ситуација во која енергетскиот систем е пред колапс за очекување е идната година граѓаните да добијат повисоки сметки за струја. Минситерката Божиновска вети дека Владата ќе стори се што е во нејзина моќ цената на струјата да не се зголеми