Свет
27. November 2017 - 12:42

Божикните пазари во Германија со засилени безбедносни мерки

 

Традиционалните божикни пазари во Германија годинава се со зголеми мерки на безбедност, речиси една година по терористичкиот напад на божикниот пазар во Берлин, каде беа убиени 12 лица. 

- Божикните пазари се дел од нашиот живот и култура, изјави денеска министерот за внатрешни работи Томас де Мезијер, повикувајќи ги Германците да ги посетат пазарите и да го победат стравот.
 
Тој истовремено предупреди дека „терористичката закана е висока, во кој било момент и на кое било место“.

Божикниот пазар во Берлин, каде што туниски напаѓач влета со камион меѓу посетителите на 19 декември минатата година, ќе биде отворен вечерва, по пригодна церемонија и со свеќи.
        
Предвидено е берлинскиот пазар на годишнината од нападот да биде затворен.

Божикните пазари во Германија се опколени со бетонски блокови за да се спречат евентуални напади со возила. Полицијата ќе биде присутна во зголемен број.