Loading Video...
Кошарка
20. April 2019 - 17:18

Бостон пред пласман во втората рунда, Оклахома до прва победа над Портланд

 
 
Екипата на Бостон ја дели уште една победа од пласман во полуфиналето на Источната конференција. „Селтикси“ синоќа ја совладаа Индијана со 104-96 и поведоа со 3:0 во победи во првата рунда од НБА плејофот. Првата меч топка составот на Бостон ќе ја има веќе утревечер и тоа на теренот на противникот. 
 
Првата победа во плејофот ја оствари тимот на Оклахома и тоа славејќи на гостински терен со 120-108 во дуелот со Портланд, со што ја намали предноста на противникот на 2:1 во победи. 
 
До гостинска победа стигна и Торонто кој во Мајами ги совлада „Магичните“ со 98-93 и поведе со 2:1 во победи.