Македонија
4. August 2017 - 12:52

Бошњаковски: Во Договорот со Бугарија се потврдуваат македонската нација и јазик

Во Договорот со Бугарија постојат аргументи со кои се потврдуваат македонската нација како посебност и македонскиот јазик и тоа за нас е завршено прашање,  рече денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Одговарајќи на новинарски прашања, Бошњаковски подвлече дека со Договорот минатото и историјата се поставени како темел на иднината.

- Договорот е  основа  за соработка и добрососедство, а ќе придонесе за подобрување во многу сфери: инфраструктурата, трговската размена, царинските и граничните олеснувања,... истакна Бошњаковски на прес-конференција.