Loading Video...
Фудбал
21. September 2019 - 17:14
Борец и Работнички одиграа без победник 1:1
Со натпреварот меѓу Борец – Работнички кој се одигра попладнево, беше отворено 7.коло во ПМФЛ
• СПОРТ фуд мкд ТОНСКИ
Потпис: Борец и Работнички одиграа без победник 1:1
• ТЕЛОП – ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА
Дуелот одигран во Велес, во кој се сретнаа двете последно рангирани екипи на табелата, Борец и Работнички заврши без победник 1:1.
Двата гола беа постигнати во првото полувреме. Уште во 13-тата минута гостите поведоа со голот на Колумбиецот, Александер Борха Кордоба.
Домашната публика не чекаше долго да се израдува. Само десет минути подоцна (23), Ѓорѓи Ѓорѓиев ја донесе посакуваната радост и со прекрасен гол го израмни резултатот на 1:1, што на крај се покажа и како конечен резултат на мечот.
Со по еден освоен бод двете екипи остануваат во долната зона од табелата. Работнички сега има 7 бодови и е на осмото место пред Силекс со шест но и натпревар помалку, утрешниот со Вардар, додека Борец е последен десетти со 5 освоени бодови.
Утре на програмата се преостанатите четири средби од ова 7-мо коло, а двојките се:
ВАРДАР - СИЛЕКС
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ - ШКУПИ
ШКЕНДИЈА - СТРУГА ТЛ
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П - РЕНОВА
ТАБЕЛА:
1 |
Академија Пандев |
14 |
2. |
Вардар |
13 |
3. |
Македонија ГП |
11 |
4. |
Шкупи |
8 |
5. |
Струга ТЛ |
8 |
6. |
Шкендија |
7 |
7. |
Ренова |
7 |
8. |
Работнички |
7 |
9. |
Силекс |
6 |
10. |
Борец |
5 |
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->