Loading Video...
Свет
5. August 2021 - 16:49

Борбата со пожарите во Грција продолжува

Тројца пожарникари  се повредени додека се обидувале да се справат со огнената стихија што беснее на грчкиот остров Евија. Огнот брзо се шири и досега пеплоса  најмалку 150 куќи.  Навреме беа спасени 90 луѓе. Проблем правеа наеколку монаси од манастирот Свети  Давид кои не сакаа да се евакуираат додека огнот  уништуваше се околу комплексот. Се случи чудо. Огнот го заобиколи  манастирот, пламените јазици не зафатија ниту еден објект рече манастрискиот свештеник. Пожарникарите усепале  да го изгаснат пожарот во близина на местото на древните Олимписки игри, во западниот дел на Пелопонез додека продолжува бробатга со огнената стихја во околината на Атина кој уништи или сериозно оштети над 100 куќи и деловни објекти.  Оние кои се враќаат да ја видат штетата се уништени.

„Се чувстувам уништено.Не можам да опишам  Не можете да  разберете, се додека не го доживеете тоа“.  

Вакви глетки има и во Труција. За 8 дена таму избувнаа  над 180 поажри од кои 15 се уште горат. Во  пожарите што ги зафатија туристички дестианции  Анаталија и МАрмарис  загинаа најмалку 10 лица.  Жртви зедоа  и шумските  пожари  што беснеат во Бугарија , Албанија и на Косово.