Свет
31. December 2017 - 15:30

Бомбаш-самоубиец уби 15 лица за време на погреб во Авганистан

Најмалку 15 лица се убиени денеска во бомбашки напад во градот Џалалабад во авганистанската област Нангархар за време на погребот на локален функционер.

Нападот го извршил бомбаш - самоубиец кој се приближил до група луѓе собрани за погребот со мотор на кој биле прицврстени импровизирани експлозивни направи. Новинската агенција ДПА јавува дека оваа област на истокот на земјата е едно од првите упоришта на Исламската Држава во Авганистан. Нападот во Нангархар доаѓа откако во четвртокот терористи убија 41 лице во напад врз културен центар во главниот град Кабул.