Фудбал
20. February 2016 - 9:47

Бод за Јуве, Наполи се враќа на врвот?!

Фудбалерите на Болоња ја прекинаа неверојатната победничка серија на Јувентус, откако во првиот натпревар од 26.коло одиграа 0:0.
 
Болоња ја прекина серијата на Јувентус од 15 победи, која започна на 28.октомври минатата година, но и покрај тоа Јуве барем до понеделник ќе остане лидер на табелата со 58 бодови.
 
Можност да се врати на чело на табелата има Наполи, кој в понеделник ќе го пречека Милан.