Бочварски најави санирање на свлечиштата на автопатот Штип-Миладиновци
Тимови од ЈП „Македонија пат“ денеска и утре ќе извршат увид на двете свлечиштата на автопатот Штип-Миладиновци, информираше денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на увидот во изградбата на експресниот пат Крупиште-Кочани. Инаку, претходно професори од Градежниот факултет имаат направено увид и дале свое мислење како да се отстранат свлечиштата, кои зафаќаат дел од коловозната лента.
-Денеска и утре тимови на ЈП Македонија пат ќе извршат увид за да се констатира која операција од постоечките на терен може да ја извршат и да ја завршат како Јавно претпријатие, а се она за што ќе биде потребна поголема механизација ќе биде избрана компанија на тендерска постапка која што е во тек. Така што, се прават сите подготовки да се санираат овие две свлечишта и автопатот целосно и комплетно да биде со целиот свој обем пуштен во функција, изјави Бочварски.
Во тек е и изградбата на двете патарини на автопатот Штип-Миладиновци кај клучките Кадрифаково и Преод, а директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми најави дека се очекува до крајот на мај да бидат целосно изградени.
– Кога зборуваме за начинот на плаќање на патарините тоа е утврдено за висината на цената според Законот за државни патишта, но истовремено треба да ве информирам дека ние како ЈП веќе имаме еден модел, тоа е модернизација на Коридорот 10 што е веќе извршено каде што имаме електронско плаќање. Тоа е подобра метода која се поддржува и од ЕУ. Веќе и во ЕУ доста држави имаат иницијатива да ги тргнат винетите и да се пременува на електронско плаќање. Ние веќе имаме овде електронско плаќање и овие две патарини на релација Миладиновци – Штип ќе бидат со електронско плаќање, вели Рустеми.
Посочи дека и на Коридорот 8 интензивносе работи и до крајот на годината и таму ќе има електронско плаќање на патарините, а какошто рече, цената на патарините се утврдува според законот по километар е 2,57 денари.
Прашан дали се размислува за намалување на цената на патарините, Рустеми со одговор дека се во контакт и со Министерството за транспорт и врски, со Министерството за финансии и со Влада и какошто рече ги разгледаат сите можности во текот на оваа година на кој начин и како ќе бидат цените на патарините во Републиката.
– Се врши целокупна анализа бидејќи сите приходи што доаѓаат од патарините ние ги вложуваме во изградба на нови патишта и на рехабилитација на сите патишта што ги имаме во државата што спаѓаат кај државните патишта, вели Рустеми.
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти