Македонија
11. February 2016 - 11:48

Блокиран сообраќајот на ГП „Богородица“

Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ за влез и излез од Македонија денеска од 10:10 часот е целосно блокиран од такси возила и автобуси.

Прекинот неофицијално ќе трае околу 2 часа.          

Како што соопшти АМСМ, според информации добиени од МВР денеска во 10:10 часот од страна на такси возила  и автобуси целосно е блокиран сообраќајот на  дел од автопатот Гевгелија-ГП „Богородица“, во близина  на бензиска пумпа „Шимов“.