Балкан
8. February 2017 - 13:43

Блиц: Николиќ сака да биде претседател или амбасадор во Москва

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ ќе претендира на функцијата амбасадор во Руската Федерација, ако не биде кандидиран за следните претседателски избори што треба да се одржат напролет, објави белградскиот весник „Блиц“.

Весникот повикувајќи се на неименувани извори наведува дека ако Српската напредна партија (СНС) одлучи да го кандидира актуелниот премиер Александар Вучиќ за претседател, тогаш Николиќ очекува да стане амбасадор во Москва.

„Блиц“ истакнува дека во тој случај Николиќ очекува неговиот син Радомир да стане претседател на српскиот Парламент.

Николиќ изјави дека тоа се „измислици со цел да биде омаловажен“.

Датумот на претседателските избори во Србија се уште не е одреден.