Џет-Сет
20. February 2017 - 17:58

Блејк откри што добила од Рајан Рејнолдс за Свети Валентин

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли се еден од најсимпатичните холивудски двојки, а за тоа колку е тој прекрасен сопруг, говори самата Блејк, откривајќи што добила за Денот на вљубените.

Така, згодната глумица, која 14 февруари го прослави со своите сестри и најблиски, раскажува како претходно нејзиниот сакан и подарил посебна обетка од 18-каратно злато, кое е дизајн на Анита Ко, и има облик на стрела.

- Купидон навистина се поигра со мене, кога се работи за Рајан. Тој многу, многу ми се допадна, па оваа обетка е симбол на тоа, рече таа на забавата ден подоцна.

Во таа прилика, обетката совршено и прилегаше на нејзиниот фустан со бели и црвени срциња, и со високите шпиц потпетици.