-->
-->
Блажевски најуспешен на Зимското првенство во пливање
-->
Марко Блажевски доминираше на првиот ден од Зимското првенство на Македонија одржано на 50 метарскиот Олимписки базен „Центар“. Нашиот во моментов најискусен пливач победи во дисциплините 100 метри пеперутка, 200 метри градно и 400 метри мешано. Блажевски (ПК Вардар) на вториот ден имаше победи и во дисциплините: 50 метри градно, 200 метро слободно, 200 метри мешано, 400 метри слободно, 200 метри пепертука и 100 метри градно. Што значи дека Блажевски победи на девет трки.
По една победа кај мажите постигнаа: Виктор Смилевски од ПК Бета победи на 50 метри слободно, Вивит Калач од истиот клуб на 50 метри грбно, Андреј Стојановски (ПК Бета) на 1.500 метри слободно.
Во женска конкуренција Вера Блажевска (ПК Вардар) победи на 200 метри градно, 50 метри градно о на 100 метри градно. Ана Марија Дамјановска победи на 50 метри слободно, 100 метри грбно и н1 50 метри грбно, додека четири победи има Ева Барамачева (ПК Бета) 100 метри пеперутка,400 метри слободно, 200 метри пеперутка и 200 метри слободно. По една победа постигнаа: Миа Крстевска (ПК Орион) 400 метри мешано и Јана Костадиновска (ПК Младост) 1.500 метро слободно.
На шампионатот учествуваат 12 клуба од Скопје, Струга и Штип, а последниот дел се одржува во недела навечер .
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана