Македонија
31. August 2016 - 15:07

Благодарница за ЦУК за придонесот во справување со поплавите

Директорката на ЦУК, Сузана Салиу и координаторот од ЦУК Рагми Ибиши  добија благодарница за особен придонес во справувањето и надминувањето со последиците од поплавите од граѓаните на Урбаната заедница „Јане Сандански“, населба Ченто, соопшти ЦУК.

- Директорката на ЦУК, Сузана Салиу изрази задоволство што граѓаните ги почувствуваа напорите, посветеноста и функционирањето на институциите и истакна дека за неа најголемиот успех е признанието од граѓаните кои живеат во тие подрачја, се наведува во соопштението.

На средбата се разговарало и за тековните проблеми со кои се соочува месното население во тој регион, при што било потенцирано дека ЦУК и во иднина ќе продолжи со координирање на активностите за надминување на последиците од поплавата.