Бизнис
6. March 2021 - 16:56

Бизнисот предупредува за опасностите од новиот бран на вирусот

Оптимизмот во бизнисот ќе се врати кога ќе се реши здравствена криза. Во моментов се уште е рано да се зборува за економско заздравување, кога неизвесноста се уште е голема, велат работодавачите. Вчера статистиката објави дека корона кризата  без работа лани остави  над 20 илјади работници. Трендот ќе продолжи ако не стигне ветената помош од државата. За сега најпогодени се извозните компании, пред се од текстилната и автомобилската индуструја, . Овде речиси и да нема нови нарачки од странските партнери.

Затворени се пазарите во Западна Европа, ние, извозните компании, пред се од текстилниот сектор зависиме од нив. Побарувачка скоро и да нема. Некои фабрики немаат воопшто нарачки, некои работат со половина капацитет, некои со 30 отсто. Во модната индустрија, падот е наголем затоа што нема побарувачка, изјави Ангел Димитров, Организација на работодавали

Вакцини нема, а бројот на заболени расте. Ако има нови рестикции, нови затворања, состојбата ќе биде полоша. Работодавчите најавуваат дека во таква ситуација, ќе бидат принудени да делат принудни одмори, но и откази. Ќе работат само вработените во трговијата, бензиските и аптеките 

Помошта од 5 сетиот мерки, за да се зачуваат работните места, според најавите на премиерот Заев, ќе им биде достапна на компаниите веќе од наредната недела. Кога се очекува пратениците да ги изгласаат  законските измени.