Бизнисмени од Нусајбин заинтересирани за соработка со македонски фирми
Бизнисмени од Нусајбин, Турција, в среда, 19 јуни, доаѓаат во Скопје. Ќе учествуваат на деловен форум што го организира Стопанската комора Македонија -Турција (МАТТО).
На форумот се предвидени Б2Б средби и воспоставување соработка. Турските компании од Нусајбин, провинција што граничи со Сирија, се заинтересирани за партнерства со наши фирми.
-Земјава ќе ја посетат компании од повеќе области: градежништво, прехранбена индустрија, трговија, текстил, мебел, земјоделство,… Тие се заинтересирани за соработка и воспоставување партнерства со наши, македонски фирми. Денешната економија на Нусајбин е поврзана со стопанските активности и трговијата во Сирија. Но, Нусајбин е исто така и трговски и административен центар за локалното земјоделство, велат од МАТТО.
Деловниот форум во Скопје е поддржан од Стопанската и индустриска комора на Нусајбин.
До крајот на месецов, МАТТО најавува уште една делегација, од Амасија, црноморски регион. Во оваа делегација ќе доминираат компании од прехранбената индустрија.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари