Македонија
21. July 2019 - 19:38

Битола ќе развива културен и филмски туризам

Битола има потенцијал да го развие културниот и фестивалскиот туризам, а токму таа е целта на фестивалот „Локум фест“ кој се стреми да ја зачува традицијата, но и да ја заживее старата битолска чаршија.

-Една од најважните атрактивности на Битола е токму таа амбиенталност и историја и токму тоа привлекува луѓе. Затоа треба посебно внимание и грижа да посветиме на заштита на културното наследство и промоција на истото, вели ТОШЕ ИВАНОВСКИ, ОРГАНИЗАТОР НА ЛОКУМ ФЕСТ БИТОЛА.

На овој начин се привлекуваат туристи, а расте и економскиот бенефит за градот.

-Втора година од Бугарија доаѓаат хорови, за нив е настап, но од друга страна и ги полнат хотелите. Само со оваа група од 50 луѓе имавме 150 ноќевања полн пансион, за нас таа бројка е индикатор, од друга страна и ние имавме преку 40 ноќевања. Со Бјонко од Данска дојде ТВ екипа, која сними специјален прилог за него, вели Ивановски.

Разговарале со Министерството за култура и Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот со цел културата и културното наследство да се стават во контекст за развој на фестивалскиот туризам.